Хејгел си поднесе оставка

Повикувајќи се на извор од Белата куќа, „Њујорк Тајмс“ објави дека американскиот министер за одбрана Чај Хејгел поднел оставка.

Во очекување на официјално соопштение од страна на првиот човек на САД Барак Обама, весникот пишува дека министерот ја поднел оставката поради несогласување за стратегијата против екстремистичката група Исламска држава.

Обама донел одлука во петокот да се „збогува“ од министерот по двонеделното заедничко разгледување на повлекувањето.

Хејгел, поранешен сенатор републиканец е шеф на Пентагон од почетокот на 2013 година.