Хелена Коста ќе пали и гаси во Клермонт

Да гледате на мене како на нормален тренер, им порача на фудбалските медиуми Хелена Коста, откако и официјално беше претставена како нов предводник на францускиот второлигаш Клермонт.

Многу прашна се крена околу именувањето на Хелена за прв тренер на второлигашот Клермон, но таквите негативни коментари немаа никакво влијание врз ставот на клупските челници кои се убедени дека Клермонт под водство на 36-годишната Хелена ќе забележи одличен резултат во новата клупска сезона.

„Знам дека ова е голем чекор за мене, знам затоа што јас имам кариера во машкиот свет. Знам колку е важен овој дена, можно е да бидат отворени многу врати или не, но ова е 2014 година. Можам да ја сватам вашата реакција, знам дека сте изненадени. Гледам дека имам некакво влијание врз медиумите, но ова е нешто норамлно. Сакам на мене да гледате како на нормален тренер.  Нема да лажам, бев сведок на многу негативни коментари, на некои фудбалери не им се допадна тоа што сум женско, но јас сум тука поради напорната работа во минатото. Ако бев уплашена или убедена дека не сум подготвена за овој предизвик, тогаш ќе ја одбиев понудата на Клермонт”, изјави Коста.