Четворица загинати при пад на спасувачки хеликоптер

Четворица загинати при пад на спасувачки хеликоптер

Спасувачки хеликоптер со четири лица се урна во Словачка, при што сите во леталото загинаа, изјави синоќа портпаролот на словачкото Министерство за здравство.

Во хеликоптерот биле пилот, доктор и два члена на спасувачката екипа, кои требале да му помогнат на дете со повреда на глава, пренесува МИА.

Несреќата се случила кога пропелерот на хеликоптерот закачил електрични водови, па леталото паднало во реката Хоранд, во близина на селото Храбушице, источна Словачка.