петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 0

Hellas Force ги поддржуваат СДСМ: одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за избори на 24 април била арогантна

Одлуката на владечката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски да ги оддржи изборите и покрај барањето на опозицијата за одложување, покажува голема ароганција од страна на партијата на власт, се вели во текстот на грчкиот портал Ηellas Forcе.

emil-dimitriev-helas-force

Поврзани вести

Одлуката на владечката партија ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски да ги оддржи изборите и покрај барањето на опозицијата за одложување, покажува голема ароганција од страна на партијата на власт, се вели во текстот на грчкиот портал Ηellas Forcе.

Во анализата за последниот развој на настаните во Македонија и како тој ќе влијае врз разговорите за името, се вели дека Груевски повторно ќе победи, а дека неговата времена замена со сопартиецот Емил Димитриев нема да донесе големи промени во однос на Грција, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

На три месеци до изборите, за грчкото јавно мислење ВМРО-ДПМНЕ и натаму останува непосакуваната политичка опција од Македонија. Поради непопусливите ставови за името и идентитетот и порталот Hellas Force се надоврза кон низата критики во однос на ова прашање, нарекувајќи ја владеачката партија експанзионистичка и ултра-националистичка, поради афирмацијата на нашето античко минато.

Овој вид на предвремени избори со вештачко зајакнување на народната поддршка е уметност која што ВМРО-ДПМНЕ ја има извежбано до перфекција после 10 години на демаготија, ултра-национализам, експанзионизам и насилна маргинализација на опозицијата, вклучително и апсење на политички опоненти…Сево ова покажува дека Димитриев ќе биде само политичка транзиција со краток рок за време на кој што нема да се направат големи промени после деценската политика за “Републиката на античките Македонци, се вели во текстот.

И додека во Македонија владеачката партија не отстапува од црвените линии, а опозицијата манифестира флексибилност повикувајќи на “виткање на кичмата”, во Грција незамисливо и недозволиво е некоја парламентарна партија да отстапи од грчката црвена линија во наша корист. Токму во овој контекст се разговарало и на првата средба меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и новиот опозициски лидер Кириакос Мицотакис, одржана во премиерскиот кабинет. Грчки владини извори информираат дека од страна на Ципрас бил побаран консензус односно договор меѓу владата и опозицијата во однос на црвените линии, “онака како што налага нивната улога според Уставот”. Неодамнешните синхронизирани напади и критики што европарламентарците од СИРИЗА и Нова Демократија ги адресираа кон групата “Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент, поради употребата на уставното име, покажуваат дека и пред да се официјализира, консензусот меѓу Ципрас и Мицотакис де факто постои.

Најчитани вести