Хелмут Кол, архитектот на германското обединување

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, архитектот на германското обединување од 1990 година и ментор на неговата политичка наследничка Ангела Меркел, почина во петокот во 87 година од животот по долго боледување во својот дом во Лудвигпафен, објави неговата Хрситијанско демократска унија (CDU).

Хелмут Кол, долгогодишниот германски канцелар, ја водеше земјата во периодот на обединувањето во 1990 година, а канцеларската должност на извршуваше од 1982 до 1998 година, први како канцелар на Западна Германија, а по обединувањето и на целата земја. Неговите 16 години на должноста канцелар се најдолгите од кој и да е германски канцелар по Ото фон Бизмарк и далеку најдолго од кој и да е демократски избран канцелар.

Поранешните американски претседател Џорџ ХВ Буш и Бил Клинтон го сметаа Хелмут Кол за најголем европски челник во втората половина на XX век.

helmut kol 04

Кол како малку кој политичар ја симболизира судбината на повоена Германија, но на европскиот континент, што имаше врска со фактот дека на чело на економски најсилната европска земна беше во историскиот период од 1982 до 1998 година.

Кол е роден во 1930 година, како најстарото од трите деца во семејството на државен службеник во Лудвигшхафен во сојузната држава Рајна-Фалц, на којашто ѝ остана верен до смрт. Неговите политички противници токму таа негова приврзаност на родниот крај и традицијата ја сметаат за провинциска и во контрадикторност со модерната повоена Германија.

Меѓутоа, Хелмут Кол, кој многу рано се приклучува во по војната основаната Христијанско демократска унија (CDU), на почетокот од својата кариера во рамките на партијата, којашто тогаш цврсто ја контролираше повоениот канцелар Конрад Аденауер, важел како подвижник на модернизацијата на партијата. Во 1959 година станува пратеник во парламентот на неговата сојузна покраина, а десет години и нејзини премиер.

Молскавичната политичка кариера на Кол на сојузно ниво започнува во 1973 година, со преземање на водството на CDU и заминувањето во Бон тогашната престолнина на Западна Германија. На чело на Сојузна Република Германија (официјалното име на западниот дел) доаѓа во 1982 година и тоа откако Либерално-демократската партија(FDP) ја повлече поддршката за дотогашниот партнер Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Тогаш Кол ја презема канцеларската должност од Хелмут Шмид од SPD, којашто ја извршуваше до изборите во 1998 година кога беше поразен од социјалдемократот Герхард Шредер.

kol i gorbacov

Кол како политичар блесна кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век во екот на отворањето на тогашниот Советски сојуз стекнувајќи ја довербата на Михаил Горбачев, кој редовно го посетуваше во неговиот роден крај. На Кол во посета во неговата викендичка во лозјата му доаѓаа светските државници, но тоа и натаму за критичарите, и од неговите редови, им служеше да му се потсмеваат дека води провинциска политика несоодветна за економскиот гигант Германија. Покрај тоа, му беше забележувано и за недостиг од „интелектуализам“ и софистицираност во споредба со неговите социјалдемократски претходници Хелмут Шмид и Вили Брант, кои важеа за префинети стратези.

Меѓутоа на средбите со државниците во длабоката провинција е подготвуван и новото устројство на Европа по падот на Берлинскиот ѕид. Најголемиот триумф Кол го доживеа на 3 октомври 1990 година кога сојузните држави кои дотогаш се наоѓаа во рамките на Демократска Република Германија (источна) се припоени на Сојузна Република Германија (западна). Поради неговата улога во овој процес Кол до крајот го нарекуваа „канцеларот на обединувањето“.

Но источна Германија во добар дел и го чинеше губење на канцелараската должност. На изборите во 1998 година најголем товар на Кол му претставуваа неисполнетите ветувања дека областите во поранешната германска комунистичка држава во рок од неколку години ќе ги претвори во „цветни пејзажи“.

kil miteran

Поучен од искуствата на светските војни во XX век кои започнаа од германската почва и во кој загубил неколку членови од семејството, Кол силно работеше на ветувањето коешто, според официјалната негова биографија, ѝ го дал на својата мајка ветувајќи ѝ дека ќе се труд во Европа никогаш повеќе да не се случи војна. Оттаму и неговото силно залагање за зачувување на германско-француското пријателство коешто го започнаа Конрад Аденауер и Шарл Дегол, а го продолжија Хелмут Кол и Франсоа Митеран со кој заговараше посилна интеграција на Европа.

Неговата борба за обединување на Европа низ институциите на Европска унија најдобро се гледа во залагањето за воведување на заедничката валута – еврото. Еврото, меѓутоа, го чинеше политичка кариера и фрлија најголема сенка врз неговиот лик и дело. Во 2000 година во екот на скандалите во CDUоколу нелегалните донации, Кол е сменет од местото почесен претседател на партијата поради тоа што пред истражната комисија одби да ги наведе имињата на тајните донатори, објаснувајќи го тоа дека дал „чесен збор“.

kol i merkel

Во тоа време од него отстапи и сегашната канцеларка Ангела Меркел која токму под покровителството на Кол се издигна од провинциска источногерманска политичарка во врвот на партијата. Во тој период ја нарекуваше „моето девојченце“ (Mein Mädchen), што подоцна медиумите во времето на политичкиот пад на Кол често го цитираа.

По 2000 година Хелмут Кол живееше повлечено во својот дом во Лудвигбург, особено по самоубиството на неговата сопруга и откако по еден пад остана прикован за инвалидската количка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.