Хелмут Кол: Европа не може да биде нова татковина на милиони мигранти

Хелмут Кол: Европа не може да биде нова татковина на милиони мигранти
Хелмут Кол: Европа не може да биде нова татковина на милиони мигранти
Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол изјави дека Европа не може да биде нова татковина за мигрантите и не именувајќи, изнесува критики на сметка на канцеларката Ангела Меркел во увод во една од своите книги.

– Европа не може да биде нова татковина на милиони загрозени луѓе од светот, оценува Кол во коментар кој синоќа го објави Тагешпигел.

Кол оценува дека решение за мигрантската криза не е во Европа туку во регионите од кои доаѓаат мигрантите. Тој ги повика владите во Европската унија на соработка во решавање на мигрантската криза. Кол (86) се смета за клучна фигура за германското обединување и поддржувач за европската интеграција.