Хелмут Кол го обвини Герхард Шредер за членството на Грција во еврозоната

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол го обвинува во новата книга својот наследник, социјалдемократот Герхард Шредер за тоа дека и дозволил на Герција да стане членка на еврозоната, а упати и критика до денешните лидери на западните земји за „изолација“ на Русија поради кризата во Украина, пишува грчкиот весник „Етнос“, обајви МИА.

Во книгата „Со грижа за Европа“ Хелмут Кол го иронизира Шредер, кој беше германски канцелар меѓу 1998-2005 година, поради тоа што прифатил Грција да се прикучи кон еврозоната во 2001 година.

Тој упатува критики на сметка на Шредер и за тоа дека се согласил Германија и Франција (тогаш нејзин лидер беше Жак Ширак) да не го почитуваат Пактот за стабилност.

– Тие две одлуки на Шредер беа меѓу најсериозните грешки, направени во изминатите години во Европската унија, тврди „таткото на германското обединување“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.