Хелмут Кол хоспитализиран поради дехидрираност

Хелмут Кол хоспитализиран поради дехидрираност
Хелмут Кол хоспитализиран поради дехидрираност

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол вчера бил хоспитализиран во болница во градот Хамбург, јави ДПА. Претставник на болницата во Хамбург во изјава за весникот „Билд“ истакна дека 96-годишниот Кол бил подлoжен на детален преглед, по што била исклулена првичната проценка на лекарите дека станува збор за проблеми со срцето, објави МИА.

За среќа не е ништо лошо – изјави претставникот на болницата, додавајќи дека лекарите констаирале само дехидрираност.

Се очекува Кол да биде испуштен од болницата утре или најдоцна во понеделник. Хелмут Кол беше германски канцелар од октомври 1982 до октомври 1998 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.