Хенес не очекува Баерн (М) да ја повтори 2013 година

Претседателот на актуелниот европски клупски шампион, Баерн (М), Ули Хенес го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека баварскиот гигант не може да го повтори успехот од 2013 година.

Само за потцетување, германскиот бундеслигаш во изминатата сезона ја освои шампионската титула во националниот шампионат, во Купот на Германија и во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, а голема е веројатноста дека избраниците на Пеп Гвардиола ќе слават во финалниот натпревар од годинашното издание на Светското клупско првенство.

“Сите мора да се соочиме со фактот дека Баерн (М) имаше фантастична сезона. 2013 година ќе биде дел од клупската историја, но јас не можам да замислам таков успех и во оваа сезона. Мора да застанеме цврсто на земја, да ја анализираме изминатата сезона и да уживаме во историскиот успех. Потоа да се посветиме на следните предизвици”, изјави Хенес.