Хернанес за 15 милиони евра продаден на Интер

Претседателите на италијанските калчолигаши Интер и Лацио, Ерик Тохир и Клаудио Лотито најпосле најдоа заеднички јазик кога е во прашање веќе најавениот трансфер на бразилскиот интернационалец Хернанес.

Италијанските медиуми пред неколку минути ја пласираа информацијата дека одличниот играч за врска во следните четри сезони ќе го носи дресот на Интер, а неговиот сега веќе поранешен клуб ќе заработи околу 15 милиони евра од неговата продажба.

Освен овој трансфер, челниците на Интер успеаа и во намерата да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на Торино, Данило Д’Амбросио.