Свет

Хероин од еден милион евра запленет во Романија

Хероин од еден милион евра запленет во Романија

Романската полиција заплени хероин во вредност од околу милион евра.

Во операцијата се уапсени двајца мажи кои ја пренесувале дрогата. Тие биле уапсени во понеделникот во романскиот округ Џурџу.

Во каросеријата на автомобилот биле скриени 44 пакети со различна форма, кои содржеле вкупно 17,6 килограми хероин.