Хероин пронајден во возило на патот Куманово – Крива Паланка

Полицијата вчера откри околу четири грама хероин при претрес на возило марка „опел вектра“ на патот Куманово – Крива Паланка.

Автомобилот со скопски таблички бил управуван од С.Н (23) од Крива Паланка. Како сопатници во возилото се превезувале и З.В.(36), К.Н.(21) и Г.Д.(20), сите од Крива Паланка.

При претресот биле пронајдени две паковки со околу четири грама хероин, по што лицата се приведени во СВР Куманово.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.