Херој: Никола ја спаси сестричката секунда пред автомобилот да експлодира

Единаесетгодишното момче Никола Влајковиќ од Србија стана херој откако ја спаси својата едногодишна сестричка од автомобил по сообраќајка во Грција.

Никола не се двоумел ниту секунда – од смачканиот автомобил ја извлекол сестричката, неколку секунди пред истиот да се запали, пренесуваат српските медиуми.

„Не размислував за себе, сестра ми од назад беше врзана за своето седиште и немаше кој да ја спаси. Ја одврзав и ја извлеков низ прозорецот, а само неколку секунди потоа, автомобилот експлодира“, кажува Никола.

Нивните родители се извлекле со помош на пријателите.

„Не знаевме што е со децата, мислевме дека изгореа, ги баравме, додека Никола на триесет метри од ударот не се огласи“, кажува нивниот татко Дарко.

Инаку нивниот автомобил бил погоден од џип со брзина од 240 километри на час.