четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Херојско издание на Македонија- Тунис е на колена, Мундијалот отворен со победа!

Македонските ракометари со 34:30 го победија Тунис во воведниот меч од СП во Франција.

победа

Поврзани вести

Македонската ракометна репрезентација стартуваше со победа на Светското првенство во Франција. Избраниците на тренерот Лино Червар, во првото коло од Б – група го совладаа Тунис со 34:30. Со оваа победа „црвено – жолтите“ му го наплатија долгот на Тунис за поразот во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Македонија одлично го отвори натпреврот, поведе со 2:0, но Тунис со серија од 3:0, го презеде водството на 2:3. Но, не успеа да се одлепи, бидејќи „црвено – жолтите” веднаш израмнија и го одржуваа резултатот во егал, се до 18. минута кога поведоа со два гола разлика 9:7. Сепак до крајот на првиот дел Тунис не само што успеа да израмни, туку и поведе и да ја задржи минималната предност од еден гол до крајот на полувремето 13:14.

На стартот од вториот дел Тунис се одлепи на четири гола разлика 16:20, а избраниците на тренерот Лино Червар успеаја да израмнат во 46. минута на 25:25. Од овој момент па се до 52. минута се играше гол за гол, по што Македонија преку Манасков поведе со 29:28. На три минути до крајот од натпреварот Македонија комплетно го сврте резелтатот, направи четири гола предност 33:29, по што беше јасно дека ќе ги прокнижи првите бодови во групната фаза на шампионатот.

Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот Кирил Лазаров со 12 гола, Стоилов постигна 7, а Манасков шест пати ја затресе противничката мрежа.

Најчитани вести