Херта славеше во Лајпциг, голеада во Хановер

Во средбите од 17-то коло на германската фудбалска прва лига Херта на гостувањето кај РБ Лајпциг победи со 3:2, додека во вториот натпревар во неделата вечерта Хановер и Баер Леверкузен одиграа без победник 4:4.

Херта дојде до победата иако уште од седмата минута играше со играч помалку откако како последен играч во одбраната беше исклучен Жордан Торинарига.

Гостите поведоа со 3:0 со головите на Селке во 5 и 51 минута, и на Саломон Калу во 31 минута. РБ Лајпциг успеа да намали преку Вили Орбан во 68 и Марсело Халштенберг во втората минута од судиското продолжение, но немаше време да спаси бод.

Во вториот меч гледачите видео огномет од голови. Хановер имаше водство од 2:1 и 3:2, додека гостите од Леверкузен поведуваа со 1:0 и 4:3., но на крајот дуелот заврши со резултат 4:4. Стрелци за Хановер беа Ихлас Бебу во 13, Никлас Фулкруг во 21 минута од пенал, Феликс Калус во 45 минута и Јулиен Корб во 83 минута, додека за Баер головите Јулиен Бранд во 11, Адмир Мехмеди во 25 и Леон Бејли во 47 и 67 минута.

На табелата води Баерн со 41 бод, Шалке е на второто место со 30 бодови, а потоа следат Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах со по 28 бодови.