Спорт

Хесе Родригез ја загорчи победата на Реал (М)

Хесе Родригез ја загорчи победата на Реал (М)

Пласманот на Реал (М) во следната, 1/4 финална рунда од Лигата на шампиони, е во сенка на тешката повреда која младиот напаѓач Хесе Рродригез ја заработи на стартот од реванш дуелот против германскиот бундеслигаш Шалке.

Репрезентативецот на Шпанија се повреди во 4 минута од натпреварот, а лекарскиот преглед потврди дека станува збор за кинење на вкрстените лигаменти во десното колено и за повреда која бара мирување во следните шест месеци.

„И јас помислив дека станува збор за повреда на вкрстените лигаменти во десното колено. Немаше среќа. Загубивме многу важен фудбалер, напаѓач кој игра одлично од стартот на новата сезона, фудбалер кој заслужи да биде дел од престојниот Мундијал во Бразил. Го победивме Шалке, обезбедивме пласман во следната рунда, но не е убава атмосферата во нашата соблекувална, сите сме загрижени поради повредата на Хесе”, изјави предводникот на „кралскиот клуб”, Карло Анчелоти.