Хицелшпелгер призна дека сака да живее со друг маж

Поранешниот фудбалер на Астон Вила и на Штутгарт, а сега член на англискиот Премиерлигаш Евертон, Томас Хицелшпелгер е првиот фудбалер кој игра на Островот и кој јавно призна дека е хомосексуалец.
“Јавно признавам дека сум хомосексуалец и сакам јавно да зборам за мојата хомосексуалност. Сакам отворено да зборам за хомосексуалноста помеѓу спортистите. Мене не ми беше лесно, стануваше збор за еден долг и тежок процес пред да сфатам дека сум хомосексуалец. Пред неколку години сфатив дека сакам да живеам со друг маж. Хомосексуалноста не е некоја сериозна тема во Англија, Германија, Италија, а уште помалку во соблекувалната. Јас никогаш не се срамев од тоа дека сум хомосексуалец”, изјави Хицелшпелгер.