Хидинк: Аргентина го има Меси, Холандија пак Робен

На неколку часа до официјалниот старт на вториот полуфинален дуел помеѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина, наследникот на Луи ван Гал, Гус Хидинк изјави дека и Лионел Меси и Ариен Робен се фудбалери кои со еден потег можат да го решат денешниот натпревар.

„До овој натпревар, тренерскиот тим нема направено ниедна грешка, одлично си ја заврши работата. Вистински пример како треба да функционира стручниот штаб, што е тимска работа. Сите сме свесни, сите сме сведоци колку е квалитетен овој тим на Холандија. Мора да бидеме убедени во успех, мора самодовербата да биде на највисоко можно ниво пред полуфиналниот дуел против репрезентацијата на Аргентина. Да, Аргентина го има Лионел Меси, кој може да направи нешто лудо во секој момент, може со еден потег да го реши натпреварот, но истото го може и репрезентацијата на Холандија, ние го имаме Ариен Робен кој исто така може со еден потег да го реши натпреварот”, изјави Хидинк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.