Хиџабот дел од полициската униформа во Шкотска

Шкотската полиција планира да дозволи воведување хиџаб како дел од полициската униформа за да ги поттикне муслиманките да се придружат на безбедносните сили.

Авторитет на шкотската полиција (СПА) во рамките на стратегијата на разновидност, со воведувањето на хиџабот во униформата планира да прикаже разновидност на шкотската заедница, јави Анадолија.

Во соопштението се наведува дека со дозволата за користење хиџаб на припадничките на безбедносните сили планираат да ги охрабрат припадниците на недоволно претставените групи да ја развиваат својата полициска кариера.

Во Шкотска живеат речиси 77.000 муслимани, што е 1,4 отсто од вкупното население.

Во Обединетото Кралство живеат близу три милиони муслимани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.