Хигиеничарка украла 5.000 евра од канцеларијата во која работела

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.Р.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

На 28.09.2017 година,  околу 18:30 часот  пријавената,  вработена како хигиеничарка додека ја чистела канцеларијата на оштетената, од торба, којашто била во плакарот, одзела околу 5.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.