Хилари Дaф поради разводот загуби 2, 5 милиони долари

Хилари Дaф поради разводот загуби 2, 5 милиони долари. Хилари Даф и Мајк Компри од пред два дена се и официјално разведени, а веќе подолго од две години не живеат заедно.

За својата слобода Хилари плати 2, 5 милиони долари. Имено, таа оваа сума на пари мора да му ја исплати на сопругат врз основа на предбрачниот договор.

Тој за возврат ќе го напушти нивниот заеднички дом.

Хилари пред една година поднесе барање за развод откако претходно една година беше разделена од сопругот, поради тоа што во медиумите се појавија фотографии на кои што се гледа дека поранешниот хокеар ужива во друштво на неколку девојки. Сето тоа беше проследено со текстот дека Компри постојано излегува и ја изневерува својата сопруга.

Хилари се омажи за Мајк во 2010-тата година, а две години подоцна го добија синот Лук Круз.