Хилари има шанси, анкетите и’ даваат мала предност

Кандидаткта на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон според анкетите задржува блага предност над републиканецот Доналд Трамп.

Таа сега има малку подобри шанси да победи на изборите кои треба да се одржат за три дена.

Според порталот Рилклирполитикс, којшто го пресметува просекот на објавените анкети, Клинтон во однос на Трамп, кога се гледа само нивниот дуел, има просек предност од 1,7 отсто, колку што имаше и вчера, но во анкетите кои ги земаат предвид ги земаат предвид и двајцата независни кандидати, нејзината предност е 2,6 отсто, додека вчера изнесуваше 2 отсто.

На Клинтон денеска и’ се припишуваат шанси од околу 75 отсто, што е околу пет отсто повеќе од вчера. Сепак, предноста на Клинтон според анкетите е во границите на статистичка грешка.