Хилари Клинтон: Ако победам на изборите, Бил ќе биде првиот сопруг на Америка

Хилари Клинтон, поранешната прва дама на САД, дала интервју во кое рекла дека наскоро ќе објави дали ќе планира да се кандидира за претседателските избори следната година.

Одговорот кој предизвикал најмногу насмевки бил на прашањето како ќе биде официјалниот назив на Бил Клинтон во случај таа да снате претседателка.

„Не знам, најверојатно ќе биде првиот сопруг на Америка“, рекла Клинтон.

Мнозинството аналитичари сметаат дека токму Хилари Клинтон е најголем фаворит за наследник на Барак Обама.

„Внимателно ќе ја разгледам и одлуката ќе ја донесам следната година. Тоа е тешка одлука и не сакам да брзам. Во Америка има многу невработени, сопствениците на мали бизниси се соочуваат со проблеми и тоа ќе биде главното прашање“, рекла Клинтон.