вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 45

Хилари Клинтон: НАТО би требало да се реформира но Алијансата мора да остане

Нејзината изјава е реакција на заложбите на водечкиот републикански претендент, Доналд Трамп кој во кампањата во делот за американаката надворешна политика, има изјавено дека натамошното постоење на американскиот безбедносен чадор за сојузниците на САД, како и за НАТО, претставува непотребно расфрлање со парите на Американците.

hilari

Поврзани вести

Водечкиот претендент на американските демократи, за номинација за претседателските избори, Хилари Клинтон, изјави за Си-Ен-Ен дека НАТО „треба да се реформира, но не и да се укинува, или да остане без САД“.

Нејзината изјава е реакција на заложбите на водечкиот републикански претендент, Доналд Трамп кој во кампањата во делот за американаката надворешна политика, има изјавено дека натамошното постоење на американскиот безбедносен чадор за сојузниците на САД, како и за НАТО, претставува непотребно расфрлање со парите на Американците.

Американски и светски набљудувачи ги прогласуваат таквите гледања на њујоршкиот милијардер како изолационизам и во најголем број, не го одобруваат.

Надворешно политички експерти во САД сметаат таквата политичка определба на Трамп е опасна за САД и за нивната безбедност, како што е важна и за безбедноста на американските сојузници.

Експертите бараат од Клинтон да го наметне тоа прашање во текот на изборната кампања во наредните месеци и да ја увери домашната јавност дека американското водство во светот е во интерес на САД.

– Само на тој начин, бранејќи ја потребета од американското глобално лидерство, таа може да биде силен претседател, сметаат експерти чии ставови ги пренесува Си-Ен-Ен.

Хилари Клинтон се уште не се има вклучено во промоција на нејзините гледања за надворешно политичките прашања, зашто се занимава со внатрешната политика која доминира на досегашните прајмери избори.

Во неколку интервјуа досега таа соопшти дека останува на своите поранешни позици, за тоа дека САД мора да ја задржат својата позиција за светски лидер и да ги зачуваат своите досегашни сојузништва.

Клинтон и Трамп се уште је немаат добиено номинацијата во своите партии. Таа има се уште битки со својот остар противкандидат Берни Сандерс, додека Трамп иако остана сам во трката за номинација, ја нема целосната поддршка од раководството на својата партија, но медиумите во САД веќе пишуваат за изборната трка меѓу некогашната прва дама на САД и њујоршкиот милијардер кој веќе сега предизвика контроверзи во меѓународната јавност.

Според неколкуте анкети што ги направи досега Си-Ен-Ен, Клинтон би го победила Трамп „релативно уверливо“ на изборите од 7 ноември и би станала првата жена, претседател на САД во американската историја.

Најчитани вести