петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 49

Хилари Клинтон основаше ново политичко движење

На интернет страницата на организацијата се наведува дека нејзината мисија ќе биде „промоција на прогресивните вредности и работа на создавање подобра иднина за поколонијата кои доаѓаат“

© AFP 2017 / Angela Weiss

© AFP 2017 / Angela Weiss

Поврзани вести

Хилари Клинтон, поранешната прва дама на САД и екс државна секретарка во првиот претседателски мандат на демократскиот претседател Барак Обама основаше ново политичко движење под називот Заедно напред (Onward Together), со цел да им дава поддршка на групите коишто ги охрабруваат луѓето да се вклучат во политиката и кои се противат на администрацијата на претседателот Доналд Трамп кој неочекувано ја порази на изборите ланскиот ноември.

„Ја формиравме Заедно напред за да ги инспирираме луѓето да се вклучат, организираат па и да учестуваат на изборите“, напиша неуспешната претседателска кандидатка на Twitter.

Објавувањето на формирањето на движењето Onward Together, претставува враќање на Хилари Клинтон на политичката сцена, по неуспешниот обид да стане првата жена на чело на САД.

„Последните неколку месеци размислува, го мунував времето со семејството и шетав низ шумата. Повеќе од кога и да е верувам дека ангажманот на граѓаните е важен за нашата деморкатија. Ме инспирират сите оние коишто истапуваат за да органиизираат и водат. Оваа година не е онаква каква што ја замислував, но знам за што сé уште се борам: за подобра, вклучителна Америка со големо срце. Напред!“, објави Клинтон.

Истакнува дека нејзината иницијатива ќе ја поддржува непрофитната организација за заштита на човековите права „Color of Change“, којашто се залага за расна справедливост и реформи на кривичното правосудство, како и организацијата „Emerge America“, којашто ги обучува жените да се кандидираат на политички функции.

На интернет страницата на организацијата се наведува дека нејзината мисија ќе биде „промоција на прогресивните вредности и работа на создавање подобра иднина за поколонијата кои доаѓаат“.

На официјалниот сајт на Onward Together, исто така, се истакнува дека нејзината мисија се состои во промовирањето на идеите коишто на одржаните претседателски избори ги поддржаа „речиси 66 милиони луѓе“, гласајќи за Клинтон.

Изборната кампања на Клинтон се водеше под слоганот „Заедно посилни“ (Stronger Together), потсетува телевизијата Fox News и оценува дека формирањето на движењето значи дека „Клинтон официјално се враќа во политиката“.

Најчитани вести