Хилари Клинтон сака да стане тв-водителка на политичка емисија

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон има намера да стане телевизиски водител на емисија во која ќе се разговара за актуелни теми. Во емисијата планирано е Клинтон „да поканува лидери од светот и прогресивни мислители“, објави Дејли меил.

Весникот објави дека таа информација е од Ед Клејн, коментатор кој се повикува на изјави на луѓе блиски до Хилари Клинтон. Претходно, американски медиуми јавуваа дека таа можно е да биде кандаидат за градоначалник на Њујорк.

Доколку повторно биде кандиат за претседател на изборите во САД во 2020 година, и победи – таа ќе има 73 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.