Хилари Клинтон шпионирана од Германија?

Германските медиуми објавија дека германската служба за државна безбедност снимила разговор во кој учествувала Хилари Клинтон за време додека била државен секретар на САД.

Покрај тоа, германската влада наредила прислушување на еден НАТО-партнер и телевизиите НДР и ВДР по заедничкото истражување.

Засега не е прецизно објавено кога нејзиниот разговор е снимен, ниту на која територија авионот се наоѓал во моментот на прислушување.

Ова произлегува од документите кои двојниот шпион од БНД, уапсен во јули, им ги предал на агенти на американската тајна служба ЦИА. Тој во меѓувреме призна дека во изминатите две години на Американците им предал над 200 документи. Од нив произлегува дека Клинтон била снимена за време на разговорот што го водела во владиниот авион кој надлетувал во кризен регион каде БНД ги надгледувала комуникациите.

Според германските медиуми неименувани извори на германската влада велат дека Клинтон е снимена случајно и дека тоа не било дел од какво било планирано шпионирање на високата функционерка на САД.

Трите германски медиуми тврдат дека Клинтон не била единствената жртва. Порано повеќепати биле снимени разговори на политичари од САД и други сојузнички држави и снимките предавани на директорот на БНД. Но, и тогаш никогаш не се работело за целно прислушкување. Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа и германската влада одбија да ги коментираат новинарските написи.