Хилари Клинтон во август собрала над 143 милиони долари за својата кампања

Демократската кандидатка за американски претседател, Хилари Клинтон, во август собрала над 143 милиони долари за својата кампања, јави БТА.

На финансиски план, минатиот месец за Клинтон беше најуспешен, што претставува стабилна основа за нејзината кампања се до претседателските избори во ноември.

Поранешната прва дама на САД собрала 62 милиони долари за нејзината кампања, 81 милион долари влегле во касите на Националниот комитет на Демократската партија и организациите на нејзината партија.

Пресметано е дека за нејзината кампања во август пари уплатиле 2,3 милиона луѓе.

Кандидатката за Белата куќа септември го почнува со 68 милиони долари на банкарска сметка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.