Хилари го тепа Бил со години

Хилари Клинтон веќе подолго време го злоупотребува сопругот Бил. Таа го тепа, го удира со тврди предмети, го гребе, а тој често и крвареше поради нејзините удари.

Поранешната државна секретарка на САД и некогашната прва дама Хилари Клинтон со години наназад го тепа и го тероризира својот сопруг Бил, тврди политичкиот стратег Роџер Стоун во книгата „Војната на Клинтон против жените“.

Хилари Клинтон веќе подолго време го злоупотребува сопругот Бил. Таа го тепаше, го удираше со тврди предмети, го гребеше, а тој често и крвареше поради нејзините удари, пишува Стоун.

Тој пишува дека брачните недогласувања на поранешниот претседател и на неговата сопруга се општо позната работа.

Далеку од туѓите погледи тие се тепаат и се караат, а пред луѓето делуваат расположено. Во март 1993-тата кога Хилари отпатува во посета на татко и кој беше на смртна постела, Бил се забавуваше со актерката Барбара Стрејсенд. Кога дозна за тоа, Хилари допатува дома, го претепа и го изгреба Бил, пишува Стоун.

Според него, Бил добил најголем ќотек во 1999-тата на врвот на аферата со Моника Левински.

Хилари фрлаше книги и пепелници врз претседателот и го шамараше така што на лицето му остануваа црвени трагови.

Овој политички стратег, што го поддржа Доналд Трамп, вели дека иако тврди дека е борец за правата на жената, Хилари тоа не е.

Штитејќи го својот сопруг, откако тој ги злоупотребил жените, таа допушти тие злосторства да се случуваат, тврди Стоун.