Химната на „Либерленд“ ја компонира рапер

Нема човек кој овие денови не слушна за Либерленд – самопрогласената држава на реката Дунав меѓу Србија и Хрватска. Претседател е Чехот Вит Једличка, а службени јазици се чешки и англиски.

Седум квадратни километри, 250 000 пријави за државјанство и даноци кои не морате да ги плаќате доколку не сакате.
Како што изјавува Једличка, претседателот на оваа “државата“ која се простира на 7 квадратни километри, откако излегле во јавност добиле речиси 250.000 пријави за државјанство од речиси сите земји на светот.

Једличка додава дека многумина на неговата држава и ја нудат својата стручност кога станува збор за соларната инфраструктура, телекомот, просторното планирање, па дури и ковањето на пари.

„Луѓето за само неколку дена го испланираа целиот град, а некои сакаат да вложат во него па дури и да се вселат. Тоа што изгледаше како сон, сега делува реално“ – изјави овој Чех.

Единствените услови за државјанство се дека кандидатот мора да ги почитува туѓите права, мислење и приватна сопственост, не смее да има криминално досие, како ни нацистичко или комунистичко минато.

Једличка смета дека клучот на просперитетот е успешна фискална политика. Плаќањето на даноците ќе биде необврзувачко, а граѓаните ќе финансираат само одредени развојни проекти.

Имаат свое знаме, имаат и мото, а химната моментално им ја компонира некој чешки рапер.