Спорт

Хингис се враќа во ФЕД Купот по цели 17 години

Хингис се враќа во ФЕД Купот по цели 17 години

Швајцарската тенисерка, Мартина Хингис повторно ќе ги брани боите на својата репрезентација во ФЕД Купот по пауза од 17 години, откако беше повикана од капитенот на селекцијата, Хајнц Гинтхард.

Тениската легенда ќе биде дел од швајцарскиот тим во мечот од плејофот за Светската група и тоа на гости во Зјелона Гора против Полска на 18 и 19 април.

Последниот натпревар во ФЕД Купот, поранешниот рекет број 1 го одигра во 1998 година, кога Швајцарија во финалето загуби од Шпанија .

Хингис која има освоено пет грен слем титули, вкупно 43 ВТА трофеи во својата кариера мора да игра во Фед купот доколку сака да се натпреварува на Олимписките игри во 2016 година во мешани двојки и тоа најверојатно со Рожер Федерер.