Хируршкиот зафат врз Родригез помина успешно, следи два месеци пауза

Оперативниот зафат врз фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез помина успешно, па сега му следува рехабилитација од околу два месеци.

Офанзивниот фудбалер на “кралскиот клуб” на натпреварот против Севиља заработи скршеница на десното стапало, а одлуката тој да замине на операција беше донесена во координација со лекарскиот тим на Реал Мадрид, како не би дошло до некоја посериозна повреда.

Поради повредата тој ќе пропушти неколку натпревари во Примера меѓу кои е и популарното „ел класико“ со Барселона и осминафиналните дуели во Лигата на шампионите против Шалке 04.