Хирурзи заборавиле мобилен телефон во стомак на пациентка

Хана Махмуд Абдул Карим од Јордан тврди дека по породувањето со царски рез хирурзите заборавиле мобилен телефон во нејзиниот абдомен.

Хана била примена во болница на 24-ти април годинава. Според изјавите на нејзината мајка таа родила здраво момче од 4, 8 килограми, а после тоа била пратена дома.

Нешто подоцна, Хана почувствувала сулна болка и забележала дека нејзиниот стомак вибрира.

Хана наводно веднаш потоа итно била испратена во државната болница Ал Башир, каде ренгентските снимки покажале дека во нејзиниот абдомен има туѓо тело. Следувала операција по која хирурзите извадиле мобилен телефон.

Поради овој случај пратеникот Салим Ал Батанјах поради скандалот побара оставка од владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.