Хирурзите ќе добиваат по 12.000 денари за секоја трансплатација

Владата ќе ги стимулира медицинските тимови вклучени во процесот на трансплатација на органи со дополнителна дневница во висина од две празнични дежурства, за секоја извршена интревенција. Тоа би значело дека докторите ќе земаат по  12.000 денари од трансплатација а,  медицинските сестри по 6.000 денари.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, покрај трансплатацијата на бубрези од жив донор, на голема врата ја најави и кадаверичната трансплатација (пресадување на органи од мртов донатор).

По пауза од осум години, годинава се направени  четири  кадаверични трансплатации на бубрег.
Како што најави Тодоров,  до крајот на годината се предвидени 40 трансплатации од жив донор и 10 кадавер.

Вкупниот буџет за трансплатација до крајот а годинава е 50 милиони денари. Предвидно е овие пари да бидат наменети за стимулација за 10 кадаверични трансплатации и 25 пресадувања на бубрег од жив донор.

„Министреството за здравство отпочнува кадаверични транспатации и зголемување на трансплатациите од жив донор. Ова е од големо значење за лицата кои се  на дијализа. Се подобрува нивнио живот,  но и торшоците за трансплатација не ги надминуваат едногодишните трошоци за дијализа. Стимулирање на тимовите е од големо значење имајќи предвид дека трансплатација е една од најтешките хирурсшки интервенции  а особено кога се работи за пресадување органи од кадавар. Се раоти за долги и комплексни интервенции кои  многу често се одвиваат во доцните часови, бара долги часови на  концентрација. Се работи во повеќе сали паралелно. Бара јака мотивираност и силна посветенот на сите оние кои се вклучени во процесот “, посочи Тодоров.

Освен стимулацијата на медицинскиот тим за извршување на овие комплицирани хириршки зафати, сите дарители на органи и на ткива ќе бидат доживотно ослободени од партиципација.

Според статистичките податоци,  во последните две години се зголемува бројот на  транасплатации од жив донор. Во  2011 година имало  9 трансплатации, во , 2012 година  23 и во 2013 година  35 трасплатации.  Првата транплатација на бубрег од жив донор во земјава е извршена во 1977 година. А, досега се направени  326 пресадување на бубрези.

За национален координатор за трансплатација е назначена д-р Аспазија Софијанова. Засега Македонија е ставена на платформата на „Евротрансплант“.

„Успеав да ја ставам Македонија на платформата на ’Евротрансплант’. Сега земјава мора да дава рапорт за тоа што се случува на ова поле за да можеме целосно да бидеме примени во оваа организација. Европа прво ве анализира како ги рабоите овие процеси. Дали ги следиме нивните регулативи. На добар пат сме, со оглед на тоа што бараат да започнеме и со црнодробна трансплатација, трансплатација на бели дробови и последователно со трансплатација на срце“, вели Софијанова.

Во тек е обука на кадри за трасплатација во најреномирани центри во странство . Потпишан е и договор со Универзитетските болници -Кембриџ со кој то се овозможува тројца доктори да одат на супспецијализација  за трансплатација на бубрези, црн дроб и панреас. Засега, огласот не предизвика големо внимание кај докторите. А, од малкуте пријавени хирурзи, од Кембриџ не  селектирале ниту еден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.