Балкан

Хисени: Околу 300 Косовци учествувале во војните во Сирија и Ирак

Хисени: Околу 300 Косовци учествувале во војните во Сирија и Ирак

Околу 300 косовски граѓани досега учествувале во војната во Сирија или во Ирак, изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени, пренесе МИА.

Приштински медиуми објавиле и дека истражни органи водат истрага против вкупно 135 лица осомничени за тероризам. Се наведува дека истрага се води против осомничени лица поради поттикување за учество во војни надвор од Косово, главно во Сирија, на страна на терористички организации.

– Во Специјалното обвинителство на Косово се префрлени осум случаи од 2014 година. Во четири од случаите под истрага се 19 лица, во два случаја се две лица, додека еден случај е во прелеминарна фаза од истрагата, истакна портпаролката на Обвинителството, Лиридона Козмачи-Хајдарај.

Во Специјалното јавно обвинителство 117 лица се осомничени за тероризам, а во текот на оваа година се поднесени четири обвиненија против 14 лица за кои постои сомнеж дека поттикнувале кривични дела, учествување во терористички акти и групи или обезбедување финансиска поддршка, нагласи Козмачи-Хајдарај.

фото: Република