петок, 17 февруари 2017  |  Вести денес: 59

Хистеријата на СЈО расте бидејќи не испорачаа резултати

Целосно ги изневерија очекувањата, не успеаа да испорачаат резултати и ја девалвираа институцијата која покрај тоа што беше спротивно на Уставот инсталирана во системот на почетокот имаше политичка поддршка, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Јанкулоска

Поврзани вести

Во периодот што следува јас очекувам кај Специјалното јавно обвинителство оваа хитерија да добива на интензитет, зато што се пртиснати од времето и од сопствениот неуспех да одговорат на задачата која им беше доверена, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во емисија на Алфа ТВ.

Таа додаде дека и неговите жестоки поддржувачи од СДСМ, веќе се јавува одредено разочарување бидејќи и таму имало некакви поинакви очекувања кои не се реализирале до крај.

Целосно ги изневерија очекувањата, не успеаа да испорачаат резултати и ја девалвираа институцијата која покрај тоа што беше спротивно на Уставот инсталирана во системот на почетокот имаше политичка поддршка да се справи со кризата со која се соочи Македонија, додаде Јанкулоска.

Потсети и за уште едно однесување на Катица Јанева за која јавноста не доби обраложение.

Катица Јанева тврдеше дека Зоран Заев и ги предал материјалите, ниту направи записник, ниту кажа колку материјали и предал. Во одредена фаза СЈО излезе со некој бројка, меѓутоа таа беше двојно помала од онаа која ја презентираше јавно СДСМ и Заев и најверојатно вторава беше реална затоа што се уште и во денешно време на пазарите низ Македонија, во угостителски објекти се продаваат или се предаваат снимки кои очигледно не се кај Катица Јанева, а таму требаше да бидат. Таа не презеде ништо за да ги стави во сопствено владение исто како што не презема ништо ниту да се тргнат од јавниот простор снимките за кои одреден број на лица јасно и експлицитно го побараат тоа, рече Јанкулоска.

Најчитани вести