Хит на интернет: Градоначалник ја чита изјавата од „идиот“

Утрово речиси и да нема Фејсбук страница во Зајечар, Србија, на која не осамна градоначалникот Велимир Огненовиќ (СНС) како со „свои зборови“ дава изјава за локалните медиумите.

Водителите на дневникот и на вестите имаат пред себе монитор од кој читаат, а кој популарно се вика „идиот“. Во овој случај, улогата на „идиот“ ја глуми помошникот на градоначалникот.

Ако се земе во предвид дека сите домашни и светски лидери обично имаат пред себе пишан говор, зошто тоа не би било така и со градоначалникот на Зајечар.