Хитцфилд селекторската ќе ја замени со коментаторска фотеља

Веднаш по несреќната елиминација во 18 финалната рунда на Мундијалот во Бразил, селекторот на Швајцарија, Отмар Хицфилд, потврди дека тука става крај на тренерската кариера.

“Мојата работа е завршена. Горд сум на мојата кариера. Сега ќе работам на ТВ. Таму не можам да загубам. Ме чека мирен живот”, изјави Хицфилд.
Како фудбалер, Хицфилд има постигнато околу 200 погоди како напаЃач на Базел, Штутгарт, Лугано и Луцерн, а како тренер на Борусија од Дортмунд и на Баерн (М), Хицфилд ја има освоено титулата во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.