Свет

Што откриваат декласифицираните документи за убиството на Кенеди Хитлер ја преживеал војната, според извештајот на CIA во досието за ЏФК

Хитлер ја преживеал војната, според извештајот на CIA во досието за ЏФК
Адолф Хитлер ја преживеал Втората светска војна и живеел со поранешни нацисти во Колумбија во 1950-те години, според декласифицираните документи/ Фотографија од досието за ЏФК

Во еден од новите документи на американската Централна разузнавачка служба (CIA) кои се содржани во неодамна декласифицираниот дел од досието за убиството на 35-от американски претседател Џон Фицџералд Кенеди во ноември 1963 година во Далас, се наведува дека германскиот нацистички челник Адолф Хитлер многу веројатно ја преживеал Втората светска војна и оти живеел неколку месеци со поранешни нацисти во Колумбија во 1950-те години.

Информаторот на американското разузнавање под кодното име „Cimelody-3“, ѝ дојавил на CIA дека Адолф Хитлер бил жив и дека поранешниот агент на нацистичката тајна служба SS по име Филип Ситроен бил во контакт со него во Колумбија во градот Тунја.

„Ситроен тврди дека контактирал со Хитлер еднаш месечно во Колумбија при неговото патување од Маракаибо низ оваа земја како вработен во компанијата за бродски транспорт KNSM (Royal Dutch)“, се наведува во извештајот на шефот на канцеларијата на CIA во Венецуела.

Неодамна објавените документи на CIA, претставени на јавноста минатата седмица како дел од повеќето од 2.800 документи од досието за атентатот на поранешниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди, покажуваат дека Агенцијата водела истрага дали Хитлер избегал од Европа и се криел во Колумбија во 1954 година.

Ситроен на американскиот информатор му кажал дека видел човек кој извонредно многу личен на Хитлер додека работел во „Residencias Coloniales“, населба во која биле концентрирани поранешни нацисти. Рекол дека Германците кои живееле таму го следеле овој наводен Хитлер „со идолопоклонство од нацистичкото минато“, ословувајќи го со „фирерот“ и отпоздравувајќи го со традиционалниот нацистички поздрав.

Поранешниот агент на SS, исто така, кај себе имал фотографија на осомничениот маж како Хитлер, кој наводно се нарекувал Адолф Шритемаер.

Хитлер, според официјално прифатените историски факти, извршил самоубиство труејќи се со цијанид во својот таен бункер откако советската Црвена армија продрела во Берлин на 30-ти април 1945 година.

Минатата седмица американскиот претседател Доналд Трамп со указ го овозможи објавувањето на нови 2.800 документи поврзани со атентатот на неговиот претходник Кенеди, но по сугестија на експертите и безбедносните служби го одложи објавувањето на уште 300 „чувствителни“ документи од досието за атентатот во Далас. Трамп изјави дека „немал избор“, туку да го одложи дејството на указот за документите според барањето на CIA, FBI и другите безбедносни агенции, кои сметаат дека симнувањето на ознаката за доверливост до споменатите документи ќе ја загрози американската национална безбедност.

Американската влада минатиот петок објави 2,891 класифициран документ за убиството на претседателот Џон Кенеди во ноември 1963 година во Далас, но 300 сепак останаа недостапни за јавноста. Во меморандумот до шефовите на државните агенции, Трамп во петокот им порача дека Американците очекуваат и заслужуваат владата да им „осигури што е моќно поширок пристап до документацијата за конечни да може целосно да бидат информирани за сите аспекти на овој клучен момент“. Иако според него наложил „конечно превезот да се крене“, поедини дрќавни органи го предупредиле „дека одреден информации треба и натаму да бидат недостапни за јавноста поради националната безбедност, заштитата на правниот поредок и дилемите врзани со надворешната политика“.

Документите за убиството на Џон Кенеди се достапни на интернет страницата на Националниот архив на САД.