Нови два случаи на ХИВ/СИДА во Штип

Два нови случаи на заболени со ХИВ/СИДА се регистрирани во Штип. Станува збор за маж и жена од 21 и 34 години.

Во јавноста не се соопштува за начинот на кој била пренесена болеста. Заболените се тестирале на Клиниката во Скопје, иако можноста за бесплатно тестирање ја имаат и во Штип.

Со ова бројката на заболени од оваа смртоносна болест во Штип се искачи на четворица. За епидемиолозите загржувачи е фактот што новозаболените се регистрирани за период од само една година.

Во универзитетски Штип студираат 17.000 студенти, меѓу кои и студенти од странство.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од Штип денеска уште еднаш повикаа на задолжително кристење на презерватив, како превенција од ХИВ/СИДА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.