Хју Лори повторно во бел мантил

Откако во 2012 година беше укината серијата „Доктор Хаус“, во која го глумеше др Грегори Хаус, Хју Лори (56) во новиот ТВ проект ќе биде форензички невропсихијатар Елдон Ченс.

Британскиот актер ќе сними дваесетина епизоди од серијата „Ченс“, која се работи според романот на Кем Нан. Премиерата се очекува оваа година.