Хјустон и Мемфис продолжуваат да “газат” на стартот на сезоната

И по четири одиграни натпревари овие два тима незнаат за пораз, а така беше и синоќа.

Хјустон славеше на гостувањето кај Филаделфија со 94:103, а најзаслужен за тоа беше Џејмс Харден, кој ја предводеше листата на стрелците со 35 поени. Кај “рокетси” се истакнаа и Тревор Ариза со 24 и Двајт Хауард со 11 поени и 14 скокови.

Тимот на Мемфис пак на домашен терен го победи Њу Орлеанс со 93:81, а најзаслужен за победата на “гризлис” беше двоецот Гасол-Рендолф, кои постигнаа по 16, односно 15 поени, а двајцата забележаа и по 11 скокови на своето конто.

Резултати НБА:

ЛА клиперс – Јута 107:101, Далас – Бостон 118:113, Денвер – Сакраменто 105:110, Бруклин – Оклахома 116:85, Мемфис – Њу Орлеанс 93:81, Филаделфија – Хјустон 94:103.