Спорт

доигрување во нба лигата Хјустон израмни во финалната серија на Западот

Хјустон израмни во финалната серија на Западот

Кошаркарите на Хјустон Рокетс израмнија на 1-1 во серијата совладувајќи ги изминатата ноќ во вториот натпревар од финалето на Западната конференција бранителите на титулата Голден Стејт Вориорс со 127:105.

Ерик Гордон и Џејмс Харден постигнаа секој по 27 кошеви за победата на Хјустон, со тоа што Гордон погоди шест од девет „тројки“ а Харден додаде 10 скокови, додека Пи Џеј Такер додаде 22 поени.

Кај Вориорс најдобар повторно беше Кевин Дјурент со 38 кошеви. Само во третата четвртина даде 18 кошеви благодарејќи на што Голден Стејт ги следеа Рокетс, но Хјустон со силна одбрана ги ограничи Вориорс на само девет „тројки“. Стеф Кари додаде 16 поени со седум скокови и седум асистенции за Вориорс, а Клеј Томпсон постигна само осум поени.

Голден Стејт го намали заостанувањето од 19 поени на 11 благодарејќи на серијата од 13-5 во втората половина на натпреварот. Откако Анде Игуодала не реализираше слободно фрлање со што Вориорс ќе дојдоа на десет разлика на малку повеќе од осум минути пред крајот, Хјустон одговори со серија 11-0 со тројкките на Гордон, Харден и Такер за сигурна предност.

Рокетс погодија 16 „тројки“ од 42 обиди, или 38,1 отсто, додека Вориорс реализираа девет „тројки“ од 30 обиди, или 30 отсто.

Третиот натпревар се игра во неделат во „Оракл Арена“ во Окленд.