„Хјустон“ ослабен за шестиот натпревар во Оукленд

Кошаркарите на „Хјустон“ ќе бидат значително ослабнати на шестиот натпревар во серијата против „Голден Стејт“, откако од тимот од Тексас вчера преку Твитер потврдија дека нема да настапи плејмејкерот Крис Пол, кој се повреди на претходниот меч.

„Рокетси“ славеа со 98:94 во Хјустон и поведоа со 3:2 против актуелниот шампион.

Пол доби повреда на задната ложа при скок во противничкиот рекет на само десетина секунди до крајот на натпреварот, кој го заврши со 27 поени, 7 скока и 6асистенции за 38 минути игра. Пол беше клучен за победата, исто како и на претходниот натпревар кога го врати „Хјустон“ во игра откако „Голден Стејт“ на својот терен беше супериорен и пред победа за водство од 3:1 во серијата. Плејмејкерот тогаш постигна за 42 минути игра постигна  27 коша со по 4 скока и 2 асистенции.

Наредниот меч се игра денеска во Оукленд, каде „Вориорси“ беа непобедливи во плеј-офот на 16 натпревари во низа, со што го урнаа рекордот на „Чикаго Булс“ од сезоната 1991/92 година, а загубија завчера од „Хјустон“.

Ако „Голден Стејт“ победи, тогаш ќе се игра мајсторка во Тексас, но не е познато дали Пол ќе игра, оти дополнителните прегледи се закажани по шестиот натпревар.