Хјустон продолжува да реди победи – падна и Мајами

Ова беше петта победа на Хјустон во исто толку натпревари, а за тоа повторно најзаслужен беше Џејмс Харден, кој за само еден скок не успеа да оствари трипл-дабл, остварувајќи 25 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Одличен беше и Хауард, кој имаше 26 поени и 10 скокови, додека на спротивната страна единствен за пофалба беше Крис Бош со 21 поен и 8 скокови.

Леброн Џејмс повторно имаше лоша вечер и на мечот против Портланд забележа само 11 поени и по 7 скокови и асистенции, но учинокот од игра беше 4 од 12 обиди. Неговата слаба игра се одрази и на конечниот резултат, па Кливленд доживеа убедлив пораз од 101:82.

Во тимот на Портланд одличен беше Демијан Лилард со 27 поени, 6 скокови и 7 асистенции, а најефикасен во поразениот тим беше Кевин Лав со 22 поени и 10 скокови.

НБА резултати:

Л.А. Лејкерс – Феникс 106:112

Портланд – Кливленд 101:82

Торонто – Оклахома 100:88

Мајами – Хјустон 91:108

Њујорк – Вашингтон 83:98

Њу Орлеанс – Шарлот 100:91

Чикаго – Орландо 98:90

Индијана – Милвоки 81:87