ХНЕС: Да се забрани работата на Сорос и неговите организации во Хрватска

Не стивнуваат акциите против Џорџ Сорос од Австралија, преку Израел, па се до Америка. Во моментов целиот Балкан се повеќе и повеќе зоврива во застанувањето против Сорос и неговото „отворено општество“. Реакциите на обичните граѓани против фондацијата која финансира платени спроведувачи на идеите на Сорос, а против суверенитетот на државите во кои делува, се се погласни.

Хрватскиот национален етички суд – ХНЕС на во сабота на 11-ти февруари одржа седница на која го осуди „рушителот на Хрватска“, како што го нарекуваат Џорџ Сорос и неговите агенти во т.н граѓанско општество во Хрватска. ХНЕС својата етичка пресуда најави дека ќе ја достави до претседателката на Републиката, претседателот на Хрватското собрание и претседателот на Владата на Р.Хрватска, пренесува порталот Дневно.хр.

Пресудата на ХНЕС ја пренесуваме во целост:

1.Џорџ Сорос, шпекулант, берзански брокер, покровител на пролибералните здруженија во посткомунистичките земји во Источна Европа, основач на т.н. фондација „Отворено општество“ според филозофот Карл Попер, делува во повеќе од 50 земји. Неговата фондација „Отворено општество“ се темели на “собирање на хуманитарна помош”. Впрочем, се работи за тоа дека почнале да внесуваат поголема количина на пари и ги финансирале здруженијата, медиумите и поединци против суверени држави. Помага на т.н семејни здруженија, ЛГБТ движењата и води кампања за граѓански акции, тој е против суверенитетот на поединечни држави, ги презира поборниците за национални и религиски идентитети. Таквото разурнувачко делување долго време опстоило во многу земји, но во последно време дојде до промени.

Руското државно обвинителство во 2015 утврди дека Соросовата фондација „Отворено оптшество“ не е пожелно во Русија затоа што претставува “закана за националната безбедност и уставниот поредок во Русија”. Ги осудија како непожелни и сите меународни невладини организации. Спомнуваат дека тоа е „мека агресија“ и дека нема веќе да поддржуваат и да дозволат финансирање на невладини здруженија од странски земји.

Познат е примерот во Словачка, каде Сорос преку неговите агенти во земјата успеа да ја сруши Владата на претседателот Меќар. Против Сорос е и Унгарија: Орбан ги исфрли сите невладини Соросови организации од државата, затоа што според него тие им служат на глобалните капиталисти и бараат политичка коректност на сметка на националните интереси. Новиот претседател на САД, Доналд Трамп, го обвини милијардерот Сорос дека е дел од глобалната структура на моќ која што е одговорна за економските одлуки кои што ја крадат работничката класа, крадат пари од сопствената земја и ги ставаат парите во џебовите на големите корпорации и политичките субјекти.

Тој го предизвика хаосот во Малезија и Арменија, се бореше за легализација на абортусот во Полска и Ирска. Македонија бара да се оневозможи субверзивното делување на Џорџ Сорос. Слично нешто најавува и Србија. Овие денови Сорос изјави дека Кина ќе го преземе лидерството над неговиот Нов светски поредок.

Доналд Трамп неодамна донесе и одлука за забрана за лобирање во корист на странски земји, а луѓето кои тоа го прават се наречени „странски агенти“.

2.Во Хрватска Сорос е застапен уште од 1993 година кога овде го основаше „Отвореното општество“ со изјавата дека е важно “да се проучуваат начините како да се пробие постоечкиот систем за да може да се делува одвнатре”. Тогаш изјави дека целта му е да се сруши „диктатурата на Фрањо Туџман“. Низ годините се формирани многу невладини организации и здруженија. ОД 1400 здруженија во Хрватска, најжестоки во делувањето против суверенитетот на Република Хрватска биле: Хрватското отворено општество Сорос, Хрватскиот хелсиншки комитет, Хрватскиот правен центар, Центарот за мировни студии, ГОНГ, Б.А.Б.Е, Реком, Платформа 112, Документа, која ХНЕС поради нејзиниот раководител Весна Терселиќ, етички ја осуди за веле-предавство.

Помеѓу донаторите покрај Соросовото отворено општество, според нивните информации се и : Министерството за култура на РХ, Министерството за наука и образование, Секторот за човекови права во Владата на РХ, Сектор за здруженија на Владата на РХ. Потсетуваме и дека помеѓу донаторите на Терселиќ и Пушиќ од Документа, голем финансиски придонес имаше Весна Пушиќ од сметката на државниот буџет, за нивната невладина активност. На страната на Сорос беа и Стипе Месич кој му го врачи признанието  „Ред на Кнезот Бранимир“ и Иво Јосипович кој му беше на аџилак на Сорос во Њујорк.

Во заклучокот може да кажеме дека е потребно следното:

1.Да се забрани работата на Џорџ Сорос и неговите организации во државата и да се прогласи Џорџ Сорос за непожелен во Хрватска (persona non grata)

2.Треба да го преиспитаме финансирањето на граѓанското општество во Хрватска и да ги ставиме под контрола сите финансиски облици на помош кои доаѓаат од станство. 

3.Предлагаме на Владата и Хрватското собрание да се донесе закон за надзор на финансирањето на невладините организации, со забрана за финансирање од странство ако служат за негативни цели и против суверенитетот и интересите на Хрватска. 

4.На седницата е посебно нагласено дека треба: да се осудат сите кои покажуваат омраза кон Хрватска посебно во медиумите, да се оневозможи протуркувањето на Меморандумот II на САНУ преку кој сакаат да дојде до дестабилизирање на Хрватска, заштита на достоинството на врховните власти, црквите и вредностите во Хрватска, осудување на корупцијата во Хрватска, по примерот на ХАВ, да се заштитат нашите граѓани пред судот во Хаг. 

Советот за етика во Етичкиот суд на Хрватска:

Никола Дебелич, Јосип Печарич, Јосип Јурчевич, Невенка Некич, Зорица Грегурич, Здравко Томац и Звонимир Шепарович. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.