Ходорковски: Не сакам во политика, нема да го барам имотот

Ходроковски пред два дена беше ослободен од затвор со указ за помилување на рускиот претседател

Михаил Ходорковски вели дека нема да се вклучи во политиката и дека нема да го бара назад имотот на некогашната нафтена компаниај „Јукос“.

За потсетување, поранешниот руски тајкун пред два дена со указ беше помилуван од претседателот на Русија, Владимир Путин.

Ходорковски во интервју за рускиот весник „Њу тајмс“ вели дека не му бил поставен ниту еден услов за добивање на помилувањето по 10 години поминати во затвор, но додава дека во писмото упатено до Путин напишал: „Немам намера да се вклучам во политика, ниту да се борам за поврат на имотот на ’Јукос’“, пренесува Ројтерес.

Веднаш по ослободувањето Ходорковски замина за Германија за да ја посети неговата мајка Марина кој во Берлин се лекува од рак.

Михаил Ходорковски некогаш беше најбогатиот човек во Русија со околу осум милијарди долари капитал, а по неговото ослободуваање од затвор нејасно е колку од сето тоа останало.