Балкан

Ходорковски: Одлуката на Путин за „Јужен тек“ не е конечна

Ходорковски: Одлуката на Путин за „Јужен тек“ не е конечна

Поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски изјави дека смета оти одлуката на претседатлот на Русија, Владимир Путин за откажување од проектот „Јужен тек“ не е конечна, пренесе МИА.

– Ги следам случувањата со големо внимание. Мислам дека тоа не е конечната одлука, бидејќи алтернативните решенија на („Јужен тек“) немаат никаква смисла од економска гледна точка, изјави Ходорковски за програмата на италијански јазик на телевизијата Еуроњуз.

Ходорковски е политички противник на Путин, кој долго време беше затворен во работен камп во Русија, а сега живее во Швајцарија.

Путин во понеделникот за време на посетата на Анкара соопшти дека Русија се откажува од реализација на прокетот за изградба на гасоводот „Јужен Поток“ и дека својот извоз на гас ќе го пренасочи кон други пазари, пред се кон Кина и Турција.