Хоџа се пофали со новото работно место и го испофали Заев

Џезаир Шаќири, попознат како Командант Хоџа призна дека добил функција во Владата и го пофали премиерот Зоран Заев дека бил попаметен од албанските политичари, во изјава за порталот на албански јазик „Тетово1“.

Од Владата, пак, со денови не ја потврдуваат информацијата дека Хоџа станал советник на Заев за безбедност.

Ми велат „Командант сето добро со вработувањето, но овие од СДСМ многу прават маркетинг со твоето име“. Но кој ги спречуваше 10 години албанските партии да дојдат да ме посетат во Танушевци. Десет месеци во Скопје единствени политичари кои ме посетиле и ми посакале добредојде се Весел Мемеди и Ѓулумсере Касапи. Што сум виновен јас што Заев се покажа попаметен од нашите политичари и донесе одлука да ме спушти од планините и да ми даде колку и да е мала функција во владата. Кој им нареди на албанските партии да ме остават 10 години по планините и зошто албанските партии кои биле и се на власт не му го зедоа бајракот на Заев од порано и да си направеа маркетинг за себе. Не сум член на ниту една политичка партија. Ако одлучам да влезам во политиката аукцијата ке биде јавна . Критикувајте колку сакате но на мојот профил на Фејсбук има 40 илјади кликови, лајкови и коментари, што значи десетици илјади гласачи кои се израдувале за мене, Алах да ги израдува, и чекаат од мене да им ги олеснам проблемите, рекол Хоџа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.