сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 48

Хоџај: Екстремизмот на Косово увезен од други земји

Сепак не можеме да ги обвиниме странските влади за ширењето на радикализацијата на Балканот, бидејќи немаме докази за тоа, рече Хоџај.

hoxaj

Последни вести

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави дека насилниот екстремизам на Косово пристигнал од други земји.

Хоџај во интервју за АП на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, кое го пренесува Танјуг, истакна дека „радикализацијата на младите луѓе на Балканот стигнала од различни невладини организации и свештени лица од Блискиот Исток“.

– Сепак не можеме да ги обвиниме странските влади за ширењето на радикализацијата на Балканот, бидејќи немаме докази за тоа, рече Хоџај.

Голем број косовските граѓани, во споредба со другите делови на Европа, заминаа да се борат во редовите на Исламска држава.

Во врска со неуспешниот обид на Косово да стане членка на УНЕСКО, кој минатата година заврши со тесна победа на Србија и Русија, Хоџај изрази уверување дека следниот пат кога ќе аплицира Косово ќе добие доволно гласови за да стане членка, што според него ќе му помогне на патот за целосно меѓународно признавање.

Најчитани вести